X
 26.06.2017 Култура

Марк Закерберг: „Фејсбук повеќе не е за пријатели, за објава на ставови и фотографии“


Марк Закерберг

Извршниот директор на компанијата „Фејсбук“, Марк Закерберг, ги открива новите планови за водечката социјална мрежа во светот.

Со оглед на фактот дека „Фејсбук“ во последно време претежно е ориентиран кон огласување, станува сè поочигледно дека заложбата на Закерберг „светот да го направи поотворено и поповрзано место“, сè помалку „пие вода“.

Во согласност со ова, компанијата ги откри своите нови цели – „да им овозможи на луѓето моќ да ја градат заедницата  и да ги зближи сите луѓе во светот“.

„Фејсбук“ веќе не се користи за објавување на „селфи“ фотографии и детали од нечиј живот, туку сè повеќе станува „седиште на модерните заедници и дигиталниот дискурс.“

Откако во февруари стигнаа обвинувања дека компанијата учествувала во местењето на резултатите од американските претседателски избори, тие морале сериозно да размислат за своите идни чекори, пренесува The Verge.

Оттогаш„Фејсбук“ почна да работи на спречување на лажните вести, а Закерберг во манифестот што содржеше повеќе од  5.800 зборови, соопшти дека неговата креација веќе не служи за поврзување со пријателите и овјавување на сопствени ставови и фотографии, туку „ оваа социјална мрежа станала монументална сила, нераскинлива од општествениот и модерен живот“. Целта на постоењето на оваа мрежа како што напиша Закерберг, „е да ја развива општествената структура која на луѓето ќе им овозможи да ја градат глобалната заедница во интерес на сите“.

„Порано сметавме дека е важно на луѓето да им овозможиме да ги искажуваат своите мислења. Тоа навистина е важно, но сега сфаќаме дека мораме многу повеќе да направиме. Освен сето тоа, потребно е да изградиме некаква заедничка основа која ќе му овозможи на општеството да оди напред“, изјави Закерберг во интервјуто за CNN Tech.

Заради тоа, најголемото внимание во иднина ќе биде насочено кон функцијата Groups, која во моментов ја користат повеќе од милијарда луѓе во светот.

„Фејсбук“ исто така ќе им обезбеди повеќе простор на администраторите на мрежата, кои полесно и поефикасно ќе можат да ги филтрираат барањата за членство и планираните активности, и да им забрануваат пристап на корисниците кои непримерно се однесуваат.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура