X
 22.09.2018 Економија

Сите сакаат да работат за „Гугл“

„Гугл“ е најатрактивен работодавач на светот. Барем ако се прашуваат младите надежи на бизнис економијата и технолошките и компјутерските науки.

Освен во технолошкиот гигант, студентите по бизнис економија би сакале да работат и во „Голдман Сакс“ и во четирите најголеми ревизорски куќи (Ернст и Јанг, Делоит, КПМГ, ПрајсвотерхаусКуперс).

Според мислењето на студентите по технолошки и компјутерски науки, како најпосакувана компанија за работа, по „Гугл“, која е оценета како најпосакувана компанија за работа, следи вториот технолошки гигант „Мајкрософт“, додека на третото место се најде „Епл“.

Младите информатичари препознале одлични шефови и во „Бе-ем-ве Груп“ и во „Интел“, кои ја затвораат листата на пет најатрактивни работодавци.

Ова се резултати од истражувањето на компанијата „Јуниверзум“. Истражувањето покажало и дека најголем скок нанапред од минатата година до денес постигнала компанијата „Амазон“. Кај студентите по бизнис економија, оваа компанија скокнала од 26 на 13 место, додека кај идните технолошки експерти, оваа година компанијата е на десетто место.

Од друга страна, популарноста на Марк Закерберг како работодавец е намалена, па „Фејсбук“ од 16 место, на кое беше лани, се симна на 23. место.

Фото: Novac

Рамнотежата меѓу приватниот и деловниот живот, како и сигурната и стабилна работа се двата најважни критериума, како за студентите по бизнис економија, така и за оние од полето на технологијата. Младите економисти имаат амбиции и за менаџерски и раководни позиции, додека на компјутерџиите им се поважни компетитивното опкружување и интелектуалните предизвици.

Една третина од студентите сакаат да работат за макро работодавци, односно компании со повеќе од илјада вработени, додека најмалку популарни се компаниите со помалку од десетмина вработени.

Кога станува збор за најважните карактеристики на работодавците, и двете групи на студенти на првото место ги ставија високите примања во иднина, а ги истакнаа и можностите за професионално усовршување и развој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија