X
 05.07.2017 Живот

Алпско млеко и ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во мисија за добро општо здравје за идните ракометари

Неодамна заврши третиот по ред ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој оваа година ги надмина очекувањата и на организаторите, но и на учесниците во поглед на посетеноста, желбата за практикување на овој спорт, но и во поглед на меѓусебната хармонија меѓу најмладите и нивните тренери. Над 300 деца од 8 до 18 години вљубеници во ракометот, се дружеа и спортуваа со врвни ракометни имиња кои го пренесуваа своето искуство и знаење со цел да ги „контаминираат“ најмладите со најпопуларниот спорт во нашата земја.



Голем број спонзори, поддржувачи и партнери, меѓу кои и Алпско млеко ја препознаа вредноста на овој квалитетен проект во кој децата имаа можност да го развиваат тимскиот дух, спортската култура и да креирааат навики за спортски живот.

Во таа смисла мисијата на Алпско млеко беше да ги едуцира и да ги охрабри децата што сакаат да се занимаваат со овој спорт да посегнуваат по здрави продукти и да креираат позитивни прехрамбени навики, што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје, висок енергетски биланс, но и препорачана телесна тежина.

Квалитетните продукти во хармонија со природата се клуч за здрав појадок, а млекото и млечните производи се најважни представници на таа моќна дружина. Нутритивно, се работи за намирници со импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциум неопходен за здравјето на коските, кое е особено важно за спортски ангажирани поединци.

Тимот на Алпско млеко организираше и игри на отворено за поттикнување на соработка меѓу децата, стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Охридското крајбрежје каде што беше одржан ракометниот камп, беше вистински благодет за децата, а игрите прераснаа во радост, задоволство и восхит, претставувајќи извонредна можност за изразување на сиот потенцијал што го носат децата.

Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на присутните.










Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот