X
 11.08.2017 Живот

„Патувајте сами - Каде и да одите, сите секогаш се со вас“


Ана Шахназарова


Ана Шахназарова три месеци патувала низ Индија. Кога се вратила дома, импресионирана од сето она што го научила при патувањето, ги споделува овие шеснаесет неверојатни сознанија што ги носи од таа прекрасна земја:

1. Секогаш бидете во сегашниот момент

Секогаш бидете таму каде што ви е убаво, не брзајте никаде. Ако чувствувате дека треба да бидете на друго место, тргнете таму каде што ве повикува внатрешниот глас.
Но немојте да заборавите, не е нужно некаде да одите за да пронајдете нешто. Тоа е многу суптилен факт. Смислата е секогаш да бидете активно присутни.

2. Дозволете сè да биде онакво какво што е

Не обидувајте се да ги контролирате другите луѓе и случувањата. Не планирајте, не очекувајте, но посакувајте. Опуштете се.
Научете да застанете и да направите пауза – пауза во која ништо не се случува.
Немојте секогаш да бидете оној што бара, дозволете во вашиот живот да се појавуваат луѓе сами од себе, а случувањата сами да доаѓаат. Затоа што, и едното и другото, не се појавуваат во вашиот живот без причина.

3. Споделувајте ја слободата


Дајте си слобода себеси да бидете она што сте, а на другите дозволете им да бидат она што се, макар биле и поинакви од вас. Запаметете, секој оди по својот пат и има свои сопствени лекции. Ако патиштата ви се вкрстат – одлично, но ако се разделуваат, пак е добро затоа што сè што се случува во себе носи благодат за вас, за нив, за сите...

4. Не плашете се

Никогаш и од ништо. Менувајте го начинот на кој ги извршувате секојдневните работи. Ако почувствувате дека морате да кажете нешто или нешто да направите – направете го тоа и не плашете се од формалните препреки, како што се „ама имам веќе повратен билет“, „но немам пари за тоа“ или вообичаеното „нема да успеам“.
Изберете да се ослободите од стравувањата.

5. Помалку е повеќе

Не обидувајте се да имате сè и веднаш. Сè што е потребно секогаш ќе го добиете, а кога нешто недостига, ќе ви стигне од сестрата, братот, пријателот или од некој случаен странец. Бидете умерени во сè.

6. Немојте да се врзувате за луѓето

Во спротивно нема да го добиете искуството што вам ви е наменето. Бездруго никогаш нема да останете сами затоа што каде било и да одите ќе пронајдете луѓе кои се „свои“, кои ќе ве воодушеват, инспирираат, исполнат. Кога вашите патишта ќе се разделат, колку и да трчате по тоа лице, нема да останете заедно, а од своите, колку и да бегате, нема да можете да побегнете.

7. Ослободете

Со насмевка, со љубов. Сите и сè. Но никогаш немојте тоа да го сметате за збогување засекогаш затоа што ништо не е конечно. Секогаш кажете: „Благодарам и до видување“.
„Не можете да изгубите нешто што немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше.“

8. Секогаш вода

Бидете вода. Памтете го принципот на морскиот бран: тој доаѓа и заминува. Тој принцип се однесува на сè: состојби, чувства, луѓе, предмети. Ништо не е статично. Живееме во свет кој се движи. Затоа не задржувајте се во една состојба – затоа што и таа ќе се промени. Ништо не можеме да задржиме, затоа и не обидувајте се да го направите тоа, туку бидете благодарни на моментот додека трае.

9. Слушајте го својот внатрешен глас

Слушајте ги советите од другите, но постапувајте онака како што ви кажува вашето чувство. Да се однесував како што ми велеа другите, никогаш немаше да отидам во Варнаса, никогаш немаше да го најдам градот од моите соништа и сè уште би се плашела од сè, живеејќи во окови. Слушајте се себеси. Секогаш.

10. Имајте доверба

Во луѓето, во вселената, во Бог – наречете го тоа како што сакате. Верувајте дека сè што се случува во вашиот живот – се случува за ваше добро. Дури и во најтешките моменти.

11. Посветете си неколку минути дневно на себе

Работете што сакате – медитирајте, цртајте, пишувајте, шетајте или едноставно уживајте во тишина. Дури и само неколку минути ќе ви помогнат да сфатите што ви е потребно, а што било предизвикано од умот, другите луѓе, илузиите...

12. Сакајте се себеси

Почитувајте ги вашите желби, соништа, тело. И треба да знаете дека ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ СЀ. Сè е можно.

13. Споделувајте

Со сите и секогаш. Со пријател, со бездомник, со кучето...и никогаш не очекувајте ништо за возврат. Како што велеше мојот гуру: „Ји, ако се храниш само самиот себе, не правиш ништо што е прекорисно“.

14. Замислете желба

Но бидете внимателни со она што го посакувате затоа што истото и ќе се исполни. Бидете максимално прецизни кога ги формулирате желбите.

15. За да можете да облечете нова кошула, прво треба да ја соблечете старата

Буквално и метафорички.

16. Патувајте

И најдобро – патувајте сами. Затоа што каде и да одите, сите се секогаш со вас.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот