X
 14.10.2016 Култура

Одлични професии за луѓето кои сакаат да патуваат

Имате тешка страст да патувате. Исто како што уметникот Мелоди Труон еднаш кажа, сте вљубени во градовите што никогаш не сте ги посетиле и луѓето кои никогаш не сте ги виделе. Вие не треба да ги ограничите вашите авантури на стандардни две недели одмор.

Сега, повеќе од кога било, можно е да се заработува за живот, патувајќи низ светот. Без разлика дали сте свој шеф како хонорарен фотограф или работите во различни гранки на меѓународен синџир на хотели, тука е  листата со 11 работни места каде патувањето добро се исплатува.


тонски мајстор


Тонски мајстор

Од аудио микс до дизајн на осветлување, овие професионалци ги придружуваат бендовите на турнеја и го водат шоуто зад сцената. Тоа не е работа за луѓе со слабо срце, бара долги ноќи поминати на пат и кревање на тешки предмети, но затоа го добиваат за возврат најдоброто место.

Увозник / извозник

Товарот не е единственото нешто што може да го премине океанот однесувајќи се на ова поле. Купување на домашни оригинални предмети директно изработени од локалните уметници и нивна испорака до желните клиенти, значи дека можете да патувате и истовремено да купувате за живеење.


археолог


Археолог

Оваа професија бара повеќе од посветеност, односно студирање на факултет. Но, ако ви се допаѓа трошењето на денови за студирање на историја, работа на отворено и откривање на антички урнатини, не може да направите подобар избор од ова.

Професор по англиски јазик

Постои светска побарувачка за изучување на англискиот јазик, па така може да добиете работа насекаде и да потрошите околу една година апсорбирајќи ја својата нова локација и нејзината култура. Дали ги спомнавме летните одмори?


медицинска сестра

Медицинска сестра


Луѓето се разболуваат и им треба добра медицинска нега, без разлика каде и да се. Медицинските сестри никогаш не излегуваат од мода.

Хонорарни работници

Како Elaina Bird, една половина од успешните двојки кои патуваат и работат како блогери, за INSIDER изјавиле: “Се додека го имаш својот смартфон и WiFi, ќе може да работите од секаде". Дали сте писател, веб дизајнер, фотограф или маркетинг експерт, светот е вашата база на клиенти. Да се ​​биде дигитален номад никогаш не било полесно.


волонтер фармер


Волонтер- фармер


World Wide Opportunities on Organic Farms ги сместува волонтерите на органски фарми во целиот свет. Во замена за помошта, волонтерите добиваат храна, сместување и се разбира обука во земјоделството.

Професионалец во туристичка индустрија

Тоа е очигледен избор со причина. Ако работите во различни гранки на меѓународен синџир на хотели, покажувајќи им на туристите наоколу во улога на водич, или возење на авион како пилот, вие сте обврзани да имате некои авантури на своја рака.


блогер


Патеписец / блогер

Со алатки како “Google AdSense“ и бренд договори, блогот со значителен број на следбеници може да донесе доволно заработувачка за вас и да ви финансира уште повеќе патувања за кои би пишувале.


шанкер


Шанкер


Флексибилна работни часа и ако сте доволно среќни, дарежлив бакшиш, што ќе ви овозможи еднаков период на работа и игра. Само прашајте ја Мишел Милер, која патувала на сите 7 континенти пред 30-от роденден, кога таа не мешаше коктели.

Бебиситерка


Постојат многу веб-сајтови посветени на спојување на семејства со бебиситерки во целиот свет. Можете да си играте со деца и да запознаете една нова култура на живеење со локално семејство.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура