X
 07.09.2017 Наука

Земјите што веројатно ќе ги преживеат климатските промени - дали Македонија е меѓу нив?

климатски промени
Фото: Shutterstock

Пред две години Универзитетот „Нотр Дам“ објави индекс што открива кај кои нации е поголема или помала веројатноста да бидат под влијание на климатските промени.

Глобалната иницијатива за адаптација на „Нотр Дам“ повторно се појави на интернет, а заклучокот од истражувањето е исто толку важно како и претходно.

Индексот е сеопфатен: ја разгледува ранливоста на секоја земја, како и нејзината подготвеност да се адаптира. На пример, каква е состојбата на нејзината инфраструктура, снабдувањето со храна, технолошките способности. Дали земјата е склона кон природни катастрофи или политички пресврти? Дали властите се подготвуваат за иднина со кошмари предизвикани од климатските промени или вниманието им е одвлечено од други работи?

Мапата направена од „Еко експертс“ зборува за себе, а ова се првите пет земји и последните пет земји, рангирани со одземање на нивната ранливост од нивната подготвеност.

Земјите што ќе ги преживеат климатските промени:

1 - Данска

2 - Нов Зеланд

3 - Норвешка

4 - Сингапур

5 - Обединетото Кралство

Земјите за кои е голема веројатноста дека нема да ги преживеат климатските промени:

1 - Централноафриканска Република

2 - Чад

3 - Еритреја

4 - Бурунди

5 - Судан

климатски промени
Фото: Eco Experts

Забележувате одреден вид на модел? Не е случајно што најбогатите и најразвиените земји генерално се најдобро подготвени, додека е сосема спротивно со земјите со ниски примања.

Една од најлошите работи во врска со климатските промени е тоа што кај земјите кои се најголеми загадувачи постои најмала веројатност да бидат погодени од нив. Ова е делумно причината зошто бил создаден Парискиот договор - да ги поттикне побогатите нации да придонесат повеќе за да им помогнат на посиромашните земји.

Секако, и богатите земји се погодени од климатските промени: се предвидува дека Америка ќе доживее бегалска криза, природни катастрофи без преседан и економска рецесија до 2100 година, но во споредба со Африка, Индија, Блискиот Исток и Јужна Америка, тоа ќе биде ништо.

промени
Фото: Printscreen/Eco Expert


Според „ND-GAIN“ индексот, Македонија е на 56. место од вкупно 181 земја, а податоците од истражувањето покажуваат дека нашата земја наместо да го подобри своето место, паднала на 56. место од 53. место во 2014 година. Во 1995 година Македонија била на 53. место.

Податоците велат дека таа е 52. најмалку ранлива земја и 63. најподготвена земја.

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука