X
 10.09.2017 Технологија

„Инстаграм“ воведе нова функција со која се подобрува организацијата

instagram

Колку пати ви се случило на „Инстаграм“ да забележите жестока расправа или, пак, да учествувате во неа, но поради „нередот“ во коментарите едноставно да не можете да бидете во тек.

Токму поради тоа, „Инстаграм“ воведува нова опција наречена „thread“ со која коментарите ќе бидат многу подобро организирани и полесно ќе се следат.

Пред воведувањето на „thread“, одговарањето на коментари на „Инстаграм“ изгледаше вака: со притискање одговор се означува личноста на која ѝ одговарате, а потоа вашиот одговор оди на дното под сите коментари и е прикажан како најнов.

Бидејќи ваквото коментирање создавало конфузија, а расправите на профилите со поголем број следбеници беше невозможно да се следат, направени се неколку измени, па одговорот се појавува веднаш под коментарот на личноста на која ѝ одговарате.

instagram
Фото: Screenshot/Instagram

Кога станува збор за коментирање на „Инстаграм“, летово беше воведена уште една новост - филтрирање и блокирање на одредени навредливи и спам-коментари. Овие опции на корисниците им станаа достапни во Settings>Comments.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија