X
 28.09.2017 Технологија

Приказна за успехот: како од код во седум реда се стигнува до стартап од 9 милијарди долари?


Браќата милијардери
(Фото: InTrade Ireland)


Експлозивниот растеж на е-комерцијалната индустрија ја престигна постојната технологија. Големиот куп софтвери што ја сочинуваат основата на онлајн-трговијата едноставно се застарени и нужни беа големи промени. Таа можност ја „намирисаа“ браќата Колисон, создавајќи ја компанијата Stripe Inc.

Уште во 2010 година Патрик и Џон Колисон почнале да размислуваат за идејата да ги поедностават софтверот и процесите кои ја чинат е-комерцијалната индустрија. Преку својата компанија Stripe тие развија софтвер со кој компаниите добија можност да се поврзат на веб-одредишта и апликации за инстантно да имаат можност да се спојат на системи за плаќања. Во Силиконската долина нивното видео станало вистински хит, а сега ја сочинува финансиската рамка на многу компании – вклучително и „Фејсбук“.

Од рурални краишта до Силиконската долина


Колисонови сега управуваат со компанија која манипулира со десетици милијарди долари во финансиски трансакции на годишно ниво. Од секоја трансакција земаат минимална провизија, што ги направи милијардери. Компанијата на браќата Колисон, Stripe Inc., денес има проценета вредност од неверојатни 9,2 милијарди долари. Џон и Патрик на тој начин во своите дваесетти години станаа едни од најмладите милијардери во историјата. Кој би рекол дека браќата кои потекнуваат од руралните краишта на Ирска денес ќе може да бидат заслужни за повеќе од половината одработени онлајн-трансакции во САД?

Треба да се знае и фактот дека и покрај изворната точка во идилично ирско село, браќата Колисон имаа од кого да наследат претприемачки дух. Мајката и таткото се високообразовани лица кои со текот на времето станале бизнисмени. „Сето тоа изгледаше нормално затоа што сè што прават родителите изгледа нормално“, се присетува Патрик Колинс во интервјуто за „Блумберг“.

Конкуренцијата е жестока, но...

Многу компании (па и цели банкарски системи) почнаа со реформи во е-комерцијалната индустрија од технолошки аспект. Затоа се наметнува и прашањето со што тогаш Stripe.com достигна толкава проценета вредност, кога на пазарот има толку многу стари  и нови компании, со илјадници вработени, со глобално влијание, па дури и џинови како „Гугл“ и „Епл“?

Неодамна Stripe реализира огромно партнерство со џинот на е-комерцијалната трговија – „Амазон“. Во изминатите недели компанијата почна да манипулира со големи (иако нејасни) износи со трансакциите на „Амазон“, а ниту една компанија не сака да открие за каков договор станува збор, пишува „Блумберг“.

Пред да се основа оваа компанија во 2011 година, Колисонови неколку години го тестирале својот сервис и воспоставувале контакти со банките, регулаторите и со сите чинители поврзани со парични трансакции. Заедно со Stripe, сè што еден стартап треба да поседува за поставување наплатен систем се седум линии на код, а ова елегантно copy/paste решение им се допадна на многумина. Останатото е историја.

Повеќе од 100.000 претпријатија

Браќата Колисон толку добро ја играа претприемачката битка, што до денес од нивниот производ зависат повеќе од 100.000 фирми. Stripe се занимава со многу податоци – од клучни информации, како броеви на кредитни картички, па сè до анализа на интернет-измами. Компанијата наплаќа 2,9 процента на наплатите преку кредитни картички, иако процентот се намалува при поголем број трансакции.

Аналитичарите предвидуваат дека компанијата на годишно ниво врти близу 50 милијарди долари, од што како приход инкасира околу 1,5 милијарда долари.

Нивната проекција е да станат новиот „Убер“ или „Аирбнб“   

Џон и Патрик Колинсон не кријат дека сакаат да бидат големи играчи како „Убер“ или компанијата „Аирбнб“. Сакаат во целост да го уловат овој воз пред конкуренцијата да почне да се снаоѓа – токму она што споменатите компании го направија како чекор. Истовремено, тие се наметнуваат како клучен партнер за многумина – при што „Амазон“ е врвот на приказната.

Пред три години Stripe вработил 80 лица. Денес има 750.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија