X
 15.11.2016 Технологија

Ова е најсигурната апликација за комуницирање, според Сноуден

Едвард Сноуден повторно ја предупреди јавноста да не се користи Google Allo апликацијата затоа што преку неа Google чита сѐ што пишуваат корисниците. Апликацијата е пуштена во употреба од 21 јуни и нејзиниот софтвер запишува сé што корисниците изговараат и тоа подоцна се користи за анализи за нејзино унапредување.

сигнал апликација


До октомври оваа апликација корисниците на Android платформата ја презеле повеќе од пет милиони пати, а просечната оценка што ја заработила е 4,2.

Ако сте загрижени за сопствената сигурност Сноуден препорачува да ја користите апликацијата Signal. Таа дозволува мобилните телефони да разменуваат енкриптирани пораки без да оставаат копија на својот сервер и е дело на непрофитна организација која се залага за заштита на приватноста.

Апликацијата добила на популарност по инцидентот кога хакерите дојдоа до е-меиловите на Хилари Клинтон, и тоа од страв да не се случи нов хакерски напад. До сега апликацијата е преземена 800.000 пати, што е мал број во однос на другите слични апликации, но по изборите во САД овој број е во постојан раст.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија