X
 02.10.2017 Живот

Кое чувство е подобро: да бидеш во право или да бидеш љубезен?


Раце
(Фото: Pixabay)


Ако сакате да бидете глас на мирот во светот, почнете така што мирот ќе го направите перманентна состојба во својот живот.

Еве неколку идеи за кои вреди да размислите:

1. Морате да понудите мир за да го имате


Мислете за себе како за мирољубива личност. Обрнете внимание на наметнувањето на вашето его како причина некој да се почувствува навреден и да влезе во конфронтација со вас и со средината. Обидете се на службеникот во поштата да му кажете: „Навистина имаш динамичен ден“, наместо „Веќе 15 минути чекам на ред!“

Вашето присуство полно со љубов нека ги предводи вашите зборови и дела, а не вашето его.

2. Запаметете дека жалењето и кукањето ви носат немир, додека комуникацијата – само мир

Кукањето можете да го растерате така што ќе ја испуштите навиката да впивате сè во себе и да вежбате простување. Ако сте му лути на некој во вашиот живот, работете на тоа да комуницирате со таа личност.

Неколку минути дискусија се доволни простувањето да го поништи немирот и да го ослаби влијанието на вашето его кое обожава анксиозност.

3. Подарете си десерт во вид на момент на мир само за себе, секој ден

Иако само на неколку моменти, искусете го овој клуч кон повисока состојба на свеста. Изгаснете ги внатрешните полилози и ќе ја увидите разликата. Ова е најсигурниот начин да ја ослабите контролата на егото и да се поместите кон внатрешната визија за мирот, што е ваше право од раѓањето.

4. Потсетете се дека најдобра техника за воспоставување мир во вашиот живот е да се одлучите за љубезност кога пред вас ќе се отвори избор помеѓу тоа да се биде во право или да се биде љубезен

Оваа е единствена, најефикасна метода за поттикнување мир. А имате избор во секоја од вашите интеракции.

По секоја цена работете на поправање на погрешните нешта што ќе ги видите или ќе ги забележите, но правете го тоа со разбирање и свесно. Мирот ќе ве пречека кога ќе станете оној што лекува, а не оној што осудува.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот