X
 20.10.2018 Живот

Љубезните луѓе се посиромашни

Студија која ги поврзувала карактерните особини на лицата со податоците за нивните финансии открила дека љубезните луѓе имаат помали заштеди, поголеми долгови и поверојатно е да банкротираат и да доцнат со плаќањето на кредитите.

Сандра Мац е научничка од Колумбиското бизнис училиште во Њујорк. Таа направила истражување со колегата од Велика Британија, Џо Гладстоун, за кое тие користеле комбинација од прашалници и банкарски податоци и тие двајца утврдиле дека луѓето кои имаат подобри резултати на тестовите за личноста, односно се пољубезни, имаат поголеми шанси да имаат финансиски потешкотии, особено ако имаат мали примања.


Фото: Pixabay

Научниците, исто така, ги поврзале податоците за личноста на милиони луѓе во САД и Велика Британија со податоците за бројот на оние кои не можеле да си ги платат долговите. И повторно утврдиле дека колку пољубезни биле луѓето, толку полоша им била финансиската состојба. Мац смета дека тоа е поради тоа што таквите луѓе воопшто не се грижат за парите. Можеби пречесто плаќаат во ресторан или позајмуваат пари, а тоа не можат да си го дозволат.

Па како може таквите луѓе да ги направиме помудри?

Еден од начините е да се уверат дека не се грижиме за парите само поради себеси, се грижиме за семејството, за луѓето кои ги сакаме, недостатокот од пари нема да влијае само на вас, туку и на сите околу вас кои се грижат за вас и кои ги сакате. Клучна е грижата за другите луѓе за да имате подобра смисла за финансии.

Ако Мац успее да ги научи добрите луѓе како да бидат повнимателни со финансиите и поретко да посегнуваат по сметката за да ја платат, тогаш кој ќе ја плаќа? Тоа е нешто за кое треба договор, плаќањето би требало рамномерно да се распореди. Треба љубезното лице му објасни на другиот дека не може секогаш да плаќа и дека сака да постои рамнотежа бидејќи тоа го прави односот однос и тоа не е еднонасочна улица.

Што значи дека љубезните луѓе би морале да се научат да се чувствуваат поудобно во незгодни ситуации.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот