X
 03.11.2017 Технологија

За тие што користат „ајфон“: внимавајте да не си ја заборавите лозинката!


Ајфон
(Фото: Pexels)


Главната предност на паметниот телефон на „Епл“ е системот на неговата заштита. Во случај да ја заборавите вашата лозинка и неколкупати да запишете погрешна, апаратот едноставно ќе ве блокира. За среќа, постојат и начини како да го одблокирате.

Ако вашиот „ајфон“ се блокира, а не можете да се сетите на лозинката, навистина имате проблем. И пред да почнете со екстремни мерки за повраток на вашиот телефон под ваша контрола, предлагаме да се потсетите на лозинката на малку поинаков начин. Имено, „ајфонот“ им нуди на своите корисници поширок спектар на знаци од нумеричките обележја. Постои шанса и вашата лозинка да има повеќе од 4 знаци или дури и да користи букви. Дополнително, треба да водите сметка и дека по шест неуспешни обиди вашиот телефон ќе се блокира, пишува Makeuseof.

Еве неколку начини како да го одблокирате вашиот ајфон:

Избришете сè со помош на iTunes

Ако веќе сте ги синхронизирале вашите податоци со оние на „iTunes“, секогаш ќе можете на вашиот телефон да ја вратите ажурираната „фотографија“ на системот. Еве како се брише вашиот телефон со помош на iTunes:

•    Приклучете го „ајфонот“ на компјутер на кој се наоѓа безбедносната копија од системот (backup);
•    Отворете iTunes. Ако апликацијата ви дозволи пристап до уредот без лозинка, продолжете со процедурата. Ако ви бара да внесете лозинка, обидете се телефонот да го споите со друг уред каде што постои вашата безбедносна копија на системот. Ако никогаш не сте го синхронизирале „ајфонот“ со компјутерот, оваа метода елегантно прескокнете ја. Во таков случај директно одете на извадокот кој се занимава со „recovery mode“;
•    Ако „Епл“ не ви бара лозинка, почекајте „iTunes“ да го синхронизира вашиот апарат;
•    Кога ќе заврши синхронизацијата, кликнете на „Restore iPhone“ и потоа почекајте програмата да го врати уредот на „поранешен датум“;
•    Кога повторно ќе се инсталира оперативниот систем, кликнете на „Restore from iTunes backup“;
•    Изберете ја последната складирана фотографија од системот.

Избришете го својот „ајфон“ со помош на iCloud

Ако вашиот уред го синхронизирате преку „iCloud“, а не преку „iTunes“, и вклучена ви е функцијата „Find My iPhone“, секогаш можете да го избришете телефонот преку „iCloud“.

Овој метод исто така можете да го користите и кога немате пристап до уредот. Сепак, треба да водите сметка и дека вашиот уред мора да е поврзан на Wi-Fi или на мобилен интернет.

Во случај кога телефонот е поврзан на мрежа, постои можност да се избрише преку „iCloud“. Ева како се прави тоа:

•    Отворете ја функцијата „iCloud“ и логирајте се со помош на вашиот „Apple ID“;
•    Кликнете на „All Devices“ на врвот од екранот и изберете „iPhone“;
•    Кликнете на „Erase iPhone“.

Сите податоци на вашиот уред по ова треба да бидат избришани, што значи дека со повторно вклучување на уредот ќе може да се врати складираната фотографија од системот откако ќе го активирате апаратот како „нов“. По ова конечно ќе можете да внесете нова лозинка.

Избришете го својот „ајфон“ со помош на Recovery Mode

Ако никогаш не сте го синхронизирале „ајфонот“ со „ iCloud“ или со „iTunes“, ви останува последната, нималку посакувана опција за бришење на комплетниот уред. На овој начин ќе ги избришете сите податоци на смартфонот и ќе го активирате како сосема нов уред. Еве како ќе го направите тоа:

Прво треба да го поврзете вашиот уред со компјутерот и да отворите „iTunes“. Комбинацијата на копчиња за активација на „Recovery Mode“ зависи од моделот. На ајфон 8 и ајфон 8+ морате брзо да го притиснете и веднаш да го ослободите копчето за засилување на звукот. Потоа треба повторно брзо да го стиснете и отпуштите копчето за намалување на звукот. Конечно, притиснете го страничното копче за исклучување на уредот, сè додека на екранот не ви се појави „Recovery Mode“.

На ајфон 7 и ајфон 7+ ќе мора да притискате и да ги држите копчињата за намалување на звукот и за вклучување на уредот сè додека на екранот не здогледате „Recovery Mode“.

На ајфон 6 или на поранешните модели, ајпад или ајтач, ќе треба да го притиснете „Home gumb“ или копчето за вклучување и за исклучување во исто време. Држете ги додека не се појави „Recovery Mode“.

Откако ќе влезете во „Recovery Mode“, „iTunes“ ќе ви понуди опција да го „реставрирате“ вашиот уред.

Апликацијата на „Епл“ потоа ќе ги избрише сите податоци и на уредот ќе инсталира оперативен систем. Процедурата трае околу 15 минути, по што уредот во целост ќе биде избришан. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија