X
 15.04.2018 Технологија

Го полните телефонот цела ноќ? Прочитајте!

Ако цел ден сте со телефонот в раце фотографирајќи, сурфајќи на интернет или играјќи игри, животниот век на телефонот може да биде пократок отколку што се надевате. Оваа навика би можела многу брзо да ве натера да купите нов телефон.

Ако поседувате паметен телефон, многу е веројатно дека тој има литиум-јонска батерија. Повеќето телефони се дизајнирани што е можно побрзо да ја прифатат електричната енергија за да се скрати времето на полнење, но тоа што струјата брзо тече од една страна на батеријата на друга негативно влијае врз батеријата, што, гледано долгорочно, може да го скрати животниот век на истата.


Прекумерното полнење, односно полнењето на батеријата неколку часа подолго од потребното не е нешто што ѝ наштетува, како што сметаат мнозинството луѓе. Паметните телефони знаат кога го достигнале максималниот капацитет и во нив се вградени посебни чипови кои спречуваат апсорбирање на каков било вишок енергија.

Дури 44 отсто од сопствениците на паметни телефони често ги менуваат своите уреди и веројатно не поседуваат еден телефон доволно долго за да ги согледаат последиците од честото полнење. Но, оние што сакаат да ги задржат телефоните што е можно подолго, тоа можат да го направат со едноставна промена на полначот.

Хатси Зеине, сопственик на компанијата „Осија“ која се занимава со безжична технологија, препорачува полнење со полнач кој не е премногу јак и држење на батеријата на температура од околу 15 до 22 степени.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија