X
 05.12.2017 Економија

„Шпаркасе банка Македонија“: Стипендистите на Best Of South East се фантастичен потенцијал

Стипендијата за целата година изнесува максимум 10.000 евра по учесник и ги покрива трошоците за обезбедено сместување во еден од студентските домови во Грац (еднокреветна соба) и месечен џепарлак во износ од 420 евра (Линк за пријавување). Платени се трошоците за школарина и регистрацијата на Универзитетот во Грац, интензивен курс по германски јазик во универзитетскиот јазичен центар Treffpunkt Sprachen и разни социјални и културни случувања во текот на целата година.



Стипендија од најмногу 10.000 евра, сместување во еден од студентските домови во Грац, месечен џепарлак од 420 евра, платена школарина за Универзитетот во Грац... Ова се само дел од поволностите на програмата Best Of South East што ја организира „Шпаркасе банка Македонија“, а годинава одбележува десетгодишнина. Досега во проектот учествуваа 20 студенти од Македонија. Нашата земја, всушност, е втора по вкупниот број на учесници во програмата, велат од „Шпаркасе банка Македонија“.

Проектот го води матичната банка „Штаермеркише Шпаркасе“ од Грац, Австрија, во соработка со четирите универзитети: University of Graz, University of Music и Performing Arts Graz, Graz University of Technology, Montanuniversität Leoben. Во изминатите години проектот се развил и вклучува стипендии за Југоисточна Европа. Ги опфаќа факултетите за економски и правни науки (10 стипендии), факултетите за технички науки, за музичка уметност, а од годинава и за рударство и металургија.



За кого се наменети стипендиите, што опфаќаат и кој сè може да се пријави? Потребните услови за аплицирање за студентите од факултетите за економски и правни науки се дефинирани во неколку групи:

- Студентите што се уште студираат во времето на аплицирање (т.е. 07.12.2017), како и студентите што се на почеток на студиска програма која не е во согласност со Болоњскиот систем (кој се состои од диплома и магистерско ниво во една програма), може да аплицираат само за програмата за практикантска работа (internship).

- Студенти запишани во програма за дипломирање (т.е. програма која не е во согласност со Болоњскиот систем, која се состои од диплома и магистерско ниво во една програма) кои се веќе во вториот дел од нивните студии (4 или 5 година), како и студенти што се на последна студиска година на програмата со 4-годишно студирање, можат да аплицираат за стажирање или практикантство (trainee or internship program).

- Дипломирани студенти кои имаат завршено додипломски или постдипломски (магистерски) студии за време на апликацијата (односно 07.12.2017) или студенти кои веќе се запишани на постдипломски или докторски студии можат да аплицираат за програмата за практикант (internship) или за стажирање (trainee program). Датумот на дипломирање, како што е наведено во дипломата, мора да биде помеѓу 01.12.2016 и 07.12.2017. Двете програмски опции траат една година (септември до август).

- Кандидатите што учествуваат во програмата за стажирање (trainee program) на „Најдобрите од Југоисток“ ќе добијат можност да ги прошират своите академски знаења и јазични вештини како дополнување на нивната едногодишна обука во Steiermärkische Sparkasse Bank или во подружниците, како и да присуствуваат на избраната настава. Последниот месец од програмата за стажирање се поминува на една од нејзините локации во Југоисточна Европа. Учесниците избрани за програмата мора да завршат минимум 16 ЕКТС / академска година на Универзитетот во Грац.

- Кандидатите што учествуваат во програмата за практикантска работа (internship) „Најдобрите од Југоисток“ и кои се во последната третина од своите студии ќе добијат можност за време на едногодишниот престој во Грац за следење на настава релевантна за завршување на нивните студии на нивниот домашен универзитет. Во текот на двомесечната пракса во летниот период по завршувањето на учебната година учесниците се инволвираат во секојдневното работење на Steiermärkische Sparkasse Bank на една од нејзините локации во Стирија или на една од нејзините локации во Југоисточна Европа. Кандидатите за практикантска работа избрани за програмата мора да завршат минимум 30 ЕКТС / академска година на Универзитетот во Грац.

Стипендијата за целата година изнесува максимум 10.000 евра по учесник и ги покрива трошоците за обезбедено сместување во еден од студентските домови во Грац (еднокреветна соба) и месечен џепарлак во износ од 420 евра. Платени се трошоците за школарина и регистрацијата на Универзитетот во Грац, интензивен курс по германски јазик во универзитетскиот јазичен центар Treffpunkt Sprachen и разни социјални и културни случувања во текот на целата година.



На прашањето со какви искуства се враќаат стипендистите во Македонија, од „Шпаркасе банка Македонија“ велат дека досега во проектот учествувале 20 студенти од Македонија.
- Нашата земја е втора по вкупниот број на учесници во програмата. Стипендистите се враќаат со стекнато ново знаење и големо интернационално практично искуство од современото банкарство, кои ги добиле преку различните опции на програмата, преку студирање на некој од факултетите во Грац или, пак, преку стажирањето во „Штаермеркише Шпаркасе банка“. Сите инволвирани страни во програмата постојано работат на нејзино унапредување и особено внимание се посветува на тоа што е предизвикувачки и поттикнувачки за студентите. Сите стипендисти по нивниот престој во Грац со задоволство им ја препорачуваат програмата на своите помлади колеги, а бенефитот од учеството директно или индиректно го чувствува и Банката, како и сите останати компании во кои понатаму овие стипендисти го продолжуваат нивниот кариерен развој – велат од „Шпаркасе банка Македонија“.



Кога почнал проектот пред десет години, една од главните идеи на матичната банка „Штаермеркише Шпаркасе“ заедно со Универзитетот во Грац била да се унапреди и продлабочи образованието за талентираните и посветените студенти од Југоисточна Европа. Програмата на таргетираните групи им овозможува обука и понатамошно образование, како и интернационално работно искуство и полесно навлегување во професионалната кариера.

- Стипендирањето на студентите, нивниот престој на Универзитетот во Грац и практичната работа која се спроведува во „Штаермеркише Шпаркасе“ во Грац, како и можноста за избор на пракса во целата групација им овозможува тие поблиску да се запознаат со работењето на банката. Наша одговорност е да ги поддржиме, да ги воведеме во работниот процес, да инвестираме во нивното знаење и да им помогнеме да се стекнат со дополнителни вештини. На „Шпаркасе банка Македонија“ и на сите останати компании тоа им помага да ги таргетираат најдобрите студенти и секако оние што сакаат да ја градат својата професионална кариера во банкарскиот и финансискиот сегмент, како и во сите други области во кои е вклучена оваа програма. Натпреварувајќи се низ стандардниот процес на селекција со веќе стекнатите искуства, нашето долгогодишното искуство покажало дека стипендистите на Best Of South East се навистина одличен потенцијал. Дел од најдобрите стипендисти се ангажирани, како во групацијата така и во „Шпаркасе банка Македонија“. Заедно со сите останати вработени, понатаму придонесуваат во насока на унапредување и развој во работењето на компаниите – велат од „Шпаркасе банка Македонија“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија