X
 30.12.2021 Живот

Наместо украсување и дочек, српски градови ќе ги трошат парите за стипендии и за лекување

Неколку градови во Србија одлучија да не ги украсат улиците за празниците и да ги искористат тие средства за студентски стипендии и помош при лекување на децата и младите.

Ужице, Врање, Нови Пазар и Суботица оваа година ќе ги потрошат овие пари за студентски стипендии или за лекување на тешко заболени деца и млади, пренесува „Телеграф“.

Суботица е последниот град што одлучил да ги пренамени средствата за украсување. Овој град ќе потроши 4,3 милиони динари, кои првично биле наменети за дочек на Нова година на градскиот плоштад, за стипендии, за фонд за развој на млади таленти и за фондација за помош при лекување две млади жителки на градот.


Фото: Pixabay

Суботица ќе пренамени 2,9 милиона динари од овие пари за да додели дополнителни 28 градски стипендии за најдобрите студенти. Еден милион динари ќе бидат префрлени на фонд за развој на млади таленти преку кој ќе им се поделат средства за усовршување и развој на 200 деца и млади.

Ужице ќе потроши 3 милиони динари, првично планирани за украсување на градот и организиран дочек на Новата година, за лекување на најмладите жители.


Фото: Pixabay

Врање ќе издвои 5 милиони динари од буџетот за помош при лекување на жителите наместо за организирање дочек на Новата година.

Нови Пазар веќе седма година не организира дочек за Нова година и парите се пренаменуваат за младите.

Извор: Telegraf
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот