X
 19.12.2023 Живот

Објавени резултатите од конкурсите за ученички стипендии за учебната 2023/2024

Министерството за образование и наука информира дека се објавени резултатите од конкурсите за доделување стипендии за средношколци за учебната 2023/2024 и истите може да се погледнат на следниот линк.

Учениците кои се стекнаа со правото на користење стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија (договорите се објавени заедно со резултатите од конкурсите) и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до 29.12.2023 да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Решенијата и за прифатените и за одбиените апликации се изработуваат во моментов и ќе бидат испорачани во следниот период.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, a прашања може да се поставуваат и на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот