
Фото: Reuters
Компанијата „Гугл“ ќе се обиде со вработување на голем број луѓе да ја исчисти страницата „Јутјуб“ од навредливи и несоодветни видеоснимки и коментари.
Компанијата ќе вработи неколку илјади ревизори за да ја намали количината на проблематична содржина на „Јутјуб“. Исто така, се воведуваат поостри проверки за рекламирање и поголема корист за смарт-технологијата.
- До 2018 година компанијата „Гугл“ планира да вработи 10.000 луѓе за отстранување на содржината што би можела да ја загрози политиката на компанијата - изјави Сузан Војцицки, директорка на компанијата. Таа не објави колку луѓе моментално ги контролираат навредливите содржини.
„Видовме позитивни
резултати и почнавме да ја воведуваме оваа технологија и во другите сфери, како безбедност за децата и говор на омраза“, додава таа.