X
 03.01.2018 Живот

Облакодери од дрво и подводни ресторани - ова се најфутуристичките дизајни од изминатава година

Начинот на кој ги создаваме нашите домови игра голема улога во дефинирањето на нашиот поглед кон светот. Како што паметните уреди и технологии навлегуваат во структурите што ги населуваме, така полека се открива и иднината на архитектурата.



И додека дел од концептуалната архитектура дава поглед кон иднината што можеби никогаш нема да биде, иновативниот дизајн навистина цвета, со реалистички модели што можеби ќе станат сегашност.

Ова се некои од најпознатите дизајни замислени изминатата година.

2
Фото: Vincent Callebaut Architectures

Превртен облакодер што плови над Земјата - потенцијално корисна алатка во пренаселената иднина - поврзана со астероид што орбитира околу планетата.

Формата на дизајнот на екоодморалиштето наречено „Наутилус“ е инспирирана од спиралата „Фибоначи“. Таа користи хидропонски технологии за растење и други алатки што вклучуваат растење на растенијата во самата архитектура.

2
Фото: MIR/Snøhetta

Не многу далеку од брегот на Норвешка се наоѓа подводен ресторан кој наскоро ќе биде домаќин на истражувачки центар за морски животни. Дизајнерите велат дека структурата ќе биде во чест на норвешкото крајбрежје и на дивата фауна во морето и карпестиот брег на јужниот врв на Норвешка. Конструкцијата треба да почне оваа година.

5
Фото: Oiio

Дизајниран од „Оиио“, „Биг Бенд“ е облакодер во вид на лак. Иако основата од зградата е прилично мала, зградата може да издржи голем број луѓе без да стане премногу висока и нестабилна.

6
Фото: Whitaker Studio

Контејнерите за доставување еволуираа во дизајнот и станаа многу популарни во 2017 година, па сега се користат и како домови. Идејата за минималистички преносливи домови денес е многу честа, а тоа може да се види и на сликите подолу. Изградбата на овој дом е закажана за 2018 година во јужна Калифорнија. Домот е издигнат на повисоко ниво, така што поплавите не би можеле да го оштетат, а бидејќи неговите елементи укажуваат на различни правци, на просториите никогаш нема да им недостига природна светлина.

7
Фото: Vincent Callebaut Architectures

Овој предлог-дизајн за ферибот-терминал во Сеул е комбинација од иновативна архитектура со зелени енергетски решенија. Дизајнирани да изгледаат како манта-зраци, овие структури се способни да ја произведат целата електрична енергија што им е потребна.

5
Фото: Margot Krasojević

Она што изгледа како хуманоиден робот од Гундам Винг е всушност пловечки мост: Овој експериментален дизајн од Маргот Красојевиќ е нарачан од владата Ордос во Монголија и тој може да се преклопи, па дури и да се премести.

8
Фото: eVolo

Колектив од јужнокорејски дизајнери го создаде „Гигантскиот секвоја облакодер“ за „еВоло“ - натпреварот за облакодери. Дизајнот вклучува изградба на облакодери во внатрешноста на масивни дрвја, нов пристап кон мирна коегзистенција помеѓу луѓето и природата.

Не сите овие дизајни ќе станат реалност во блиска иднина. Но науката често нè учи дека она што денес можеме да го замислиме, всушност, може да се случи утре. А преку постојните техники, како што се хидропониските технологии, обновливите извори на енергија и напредните материјали, изградбата на овие структури би можела да биде и реална и позитивна за планетата Земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот