X
 02.12.2015 Живот

Совршената канцеларија од иднината според студентите

Луѓето трошат многу време во канцелариите поради работата. Од оваа причина, канцелариите треба да бидат многу повеќе од столица и работна маса. Студенти од Велика Британија работеа на дизајнирање на совршената канцеларија на иднината.


Имено, во рамки на еден проект биле замолени повеќе студенти да ја замислат совршената канцеларија од иднината. Во нивните дизајни има идеи за подобро здравје, како докторска канцеларија и теретана. Во канцеларијата замислена од студентите има и место за растење зеленчук и овошје, кое потоа би го јаделе вработените.





Кога станува збор за работните делови од канцеларијата студентите замислуваат место кое би било добро за комуникација и групни проекти. За оние кои сакаат изолација има и посебни кабини за работа во кои има и кревети.





Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот