Фото: Casa Buonarroti
Според шопинг-листата нацртана од Микеланџело, исхраната на генијот вклучувала риба, леб и многу вино. Листата е во сопственост на музејот „Каса Буонароти“ во Фиренца, Италија, а била напишана и илустрирана од уметникот на задниот дел на плик. Слугата на Микеланџело веројатно бил неписмен, па Микеланџело го цртал она што сакал да го јаде.
Тој нацртал векни леб, а за еден оброк сакал две. За друг, сакал шест. Исто така, на листата се наоѓа нацртана риба харинга, додека садовите се преполни со салата и риба сардела. Настрана се нацртани две чинии со сушен анасон, а кога барал малку суво вино, Микеланџело внимателно цртал мал вински бокал до друг поголем.
Фото: Casa Buonarroti
Менито главно се состои од зеленчук, риба, вино и леб. Ова можеби изгледа особено здраво, меѓутоа, на другата страна од пликот има датум - 18 март 1518 година, а тоа бил период на пост. Бидејќи не се одобрувало јадење месо, Микеланџело го јадел потребниот зеленчук.
Преживувањето на оваа листа е извонредно. Денес постојат само околу 600 скици од Микеланџело. 1518 ја одбележа годината кога
Микеланџело запалил голем дел од своите цртежи, а 46 години подоцна наредил голем дел од неговите дела да бидат запалени во пресрет на неговата смрт. Можеби сакал да ја зачува аурата на божествениот гениј што ја опкружувала неговата уметност.