X
 09.03.2015 Култура

1970 - годината кога Америка случајно го бомбардира Мексико

meksiko

 

Америка не секогаш имала добар однос со Мексико, меѓутоа во 1970 година работите беа малку подобри. Но, во јули истата година, беше лансирана ракетата Атена со ампули од радиоактивен материјал. Некои велат дека поради тоа се создал „Мапими тивката зона“.


Во 1947 година, V-2 ракета била лансирана во воздух од страна на Америка, и завршила со бомбардирање на територијата надвор од Хуарез. Мексиканците не кренаа голема паника, затоа што претпоставија дека повеќе нема да се случи такво нешто.

Но за жал, такво нешто повторно се случи, после 23 години. Сите знаеме дека случајните бомбашки напади не се добри, дури и ако се случуваат четири пати во еден век. Во 1970 година истражувачите во Јута ја тестирале ракетата Атена кога таа наеднаш се лансирала во друга држава. Дополнителното влошување на потенцијалниот меѓународен инцидент било тоа што ракетата превезувала радиоактивни ампули.

Било потребно доста време истражување и барање, но на крајот војската успеала да ја пронајде ракетата во Мапими пустината, во северниот дел на Мексико. Таа слетала на околу 70 километри надвор од градот Сан Игнасио. Американската војска се спуштила, изградила пат до пустината и заедно со ракетата, извадила тони контаминирана почва.

Повторно, мексиканската влада имаше исклучително разбирање за целата ситуација, но започнаа да се шират гласини за областа во која се ракетата се урнала. Денес е позната како „Мапими тивката зона“. Наводно, оваа област ги замолчувала радијата, па дури и разговорите помеѓу луѓето. Бидејќи зоните се мобилни, невозможно е да се тестираат. Овој недостаток на тестирање може да биде среќа за сите оние кои тврдат дека пустината е центар за НЛО активности и други чудни феномени.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура