X
 06.01.2018 Живот

Информации што мора да ги знаете ако сакате да работите во Германија

Германската амбасада на 1 ноември 2017 година објавила нови правила за издавање виза на странските државјани.


Оттаму истакнуваат дека од ноември е укината постапката за давање согласност од страна на Сојузната агенција за вработување при поднесено барање за виза. Одделот за виза, веќе од 1 ноември, во постапката за обработка на барањата за виза, регуларно ќе ја вклучува и Агенцијата, но согласностите што се дадени до 1 ноември и натаму ќе важат.

На веб-страницата на амбасадата стои дека прашањата за состојбата на барањата за виза ја забавуваат визната процедура. Одговарањето на таквите прашања е дополнителна пречка за нивна обработка, па самиот процес се пролонгира. Доколку за време на обработката на барањето се појават прашања кои се однесуваат на подносителот на барањето или треба да се приложи дополнителна документација, одделот за визи секако самоиницијативно ќе го контактира подносителот на барањето.

Амбасадата ги замолува подносителите на барањата, во првите 4 седмици од денот на поднесување на барањето, да не упатуваат прашања за состојбата на обработката на барањата, ниту по писмен пат,  ниту преку е-пошта, ниту преку телефонски контакт.

Амбасадата, исто така, укажува на тоа дека сите службени оддели за виза, освен таксата за обработка на барањето, се бесплатни. Амбасадата не наплаќа резервација на термин, ниту соработува со приватните агенции за услужни дејности. Апликантите можат сами да закажат термин преку системот за закажување. Истакнуваат дека информацијата од 1.1.2018 година, со стапувањето во сила на новиот закон, дека им се овозможува на државјаните на земјите што не се членки на ЕУ да се вработуваат во државите на ЕУ под истите услови како и ЕУ-државјаните, не е точна.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот