X
 31.07.2015 Култура

На Шведска и` требаат работници од овие индустрии

Според шведското биро за вработување, работните места во оваа земја сè повеќе одговараат за странците. Причината позади ова е продолжувањето на намалувањето на бројот на работно способно домашно население, поради што шведските фирми ангажираат сè повеќе странци. Во меѓувреме, бројот на имигранти кои се вработиле во Шведска се зголемил од 11.200 на 16.800 за половина година.


Шведскиот портал „Локал“ пишува дека има сè помалку работно способни граѓани од Шведска на возраст од 16 до 64 години, а ова се одразува и на пазарот на труд. Што се однесува до индустриите, најмногу странци се вработуваат во областа на информатичката технологија.

Шведските медиуми пишуваат дека побарувачката во оваа индустрија е особено голема. Побарувачка се забележува и во услужните работи, како што се одржувањето имот, чистење и одржувањето станови. Освен тоа, има потреба и од економисти и инженери.

Инаку, според последните податоци од шведските институции, вработеноста меѓу лицата кои се родени надвор од Шведска изнесува 64%, а меѓу оние родени во Шведска изнесува 79%. Невработеноста за странците во Шведска изнесува 22%, а невработеноста меѓу оние родени во Шведска е 7,5%.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура