X
 07.01.2018 Живот

Како да ја симнете книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“

Книгата „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ на Мајкл Волф сега е најпродаваната книга на „Амазон“. Ако сакате печатена копија, ќе треба да почекате 2-4 недели. Но, има и други побрзи опции како, на пример, нарачување копија во  „Киндл“ формат за цена од 14,99 долари. Или да ја симнете како аудиокнига – бесплатно.

фото извор: Amazon

Ако активирате бесплатно користење во рок од 30 дена на „Audible.com“, може да симнете 2 бесплатни аудиокниги по ваш избор. На крајот од 30-тиот ден може да одлучите дали сакате да се претплатите на веб-страницата или не. Што и да одлучите, имате можност да задржите 2 бесплатни аудиокниги. „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ може да биде една од нив.

За да се приклучите на бесплатната 30-дневна програма на веб-страницата, следете ги инструкциите на овој линк.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот