X
 04.02.2018 Живот

Бил Гејтс открива која е најдобрата книга што ја прочитал

Бил Гејтс својот осврт на неодамна завршената книга го започнува со зборовите: Со години зборувам дека книгата „Better Angels of Our Nature“ е најдобрата книга која сум ја прочитал во последните 10 години. Тоа е книгата која Гејтс би ја препорачал на сите да ја прочитаат. Авторот на делото Стивен Пинкер, успешно аргументира дека живееме во најмирното време во историјата на човештвото.

фото извор: GeekWire

Но, сепак има и уште една која Гејтс смета дека ја надминува и горе споменатата. Се работи за истиот автор, односно најновата книга на Пинкер, а носи наслов „Enlightenment Now“ (Просветлување сега). Во книгата се следи историјата на насилството и се прикажуваат 15 различни мерки на напредување на човечката цивилизација.

Зошто книгата не може да се пронајде во продавниците? Бидеји Гејтс и Пинкер се добри пријатели, шефот на „Мајкрософт“ ја добил книгата речиси месец дека пред официјалното нејзино издавање.

„Просветлување сега“ излегува на крајот од февруари.

Гејтс тврди дека Пинкер е најдобар при анализирањето на историските трендови, па многу добро ги користи податоците и со тоа ја става историјата во некаков читлив контекст. Гејтс имено, покрај познавањето на информациите за енергетиката и здравјето, сепак е воодушевен од нарацијата на Пинкер, која целата тематика ја прави нова и интересна.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот