X
 02.02.2018 Технологија

Дали контроверзниот мотор „ВАСИМР“ може да нѐ однесе на Марс за само неколку недели?

vasmir

Постојат многу пречки што треба да се поминат пред да се испрати првата екипа на Марс. Горивото за толку долга мисија додава многу тежина и чини многу, а времето што е потребно за стигнување дотаму ги изложува астронаутите на опасно зрачење.

Сонот е да се создаде систем на погон што ќе користи минимално гориво и ќе нè одведе до Марс што е можно побрзо. Моторот „ВАСИМР“ може да е реализација на овој сон - меѓутоа, постојат одредени сомнежи.

Досега огромното мнозинство на ракети што ги испративме во вселената користеле хемиски мотори: оние што комбинираат гориво со оксидатор за да создадат согорување, како што е моторот на вашиот автомобил. Хемиските мотори се моќни, но бараат доста гориво и додаваат голема тежина. На пример, резервоарот за гориво на вселенскиот шатл тежи 700.000 килограми. Хемиските ракети во моментов се најдобрата шанса за патување до Марс, па затоа повеќето проценуваат дека нашето прво патување ќе трае од осум до девет месеци.

Но што ако сето тоа може да се намали за 40 дена? Френклин Чанг-Диаз, физичар и астронаут, кој имал најголем број вселенски летови досега, вели дека тоа е можно. Наместо да користи хемиско согорување, неговиот мотор „ВАСИМР“ користи релативно мала количина аргон гас што се прегрева во плазма. Плазмата експлодира во задниот дел на ракетата за да создаде удар. Најдобро од сè е тоа што производството на плазма заедно со засилувачот работи на електрична енергија, што може да се напојува со помош на соларни панели.

2

Ова решава повеќе проблеми, а не само тежината. „Ракетниот мотор е резервоар за гас под висок притисок. Кога ќе се отвори дупка на едниот крај, гасот излегува и ракетата оди на другиот крај. Колку е пожешка плазмата, толку побрзо моторот може да оди. За жал, за брзината за која се надева тимот, соларните панели нема да бркаат работа. Ќе биде потребен нуклеарен извор на енергија.

Прашањето за нуклеарна енергија е каде што почнуваат критиките за оваа технологија. Целта е да се искористи овој мотор во мисија со екипаж. Дури и Илон Маск, еден од најголемите поборници за мисијата на Марс, е скептичен. „Станува збор за доста интересен јонски мотор, меѓутоа, потребен е голем нуклеарен реактор“, вели тој. Слично на тоа, додека неговата технологија изгледа одлично на хартија, критичарите се сомневаат дека може да се постигне во реалниот свет.

Една група што не е скептична? НАСА. Во 2015 година тие ја наградија компанијата на Чанг-Диаз, „Ад Астра“ со договор вреден 9 милиони долари преку програмата „Некст степ“. За да ја исполни својата страна од договорот, „Ад Астра“ треба да направи моторот „ВАСМИР“ да работи на 100 киловати 100 часа, без престан. Нивниот план успева: тие успешно ги исполниле сите услови досега и се надеваат дека ќе ја реализираат крајната цел до летово.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија