X
 05.10.2022 Наука

Астероидот удрен од сондата на НАСА сега има опашка

Веднаш откако американската вселенска агенција НАСА намерно удри сонда во астероидот Диморф, телескопите на Земјата и во вселената забележале прашина и делови од астероидот зад него.

Детални набљудувања покажале дека прашината и деловите од астероидот се оддалечуваат од астероидот поради сончевиот ветар, создавајќи опашка слична на оние на кометите.

Мисијата за удирањето сонда во астероид имаше цел да покаже дали ваквиот удар може да го смени движењето на астероидот. Таквиот маневр еден ден би можел да му помогне на човештвото да одбегне опасен удар од астероид или комета. Диморф не претставува закана за Земјата.



Ударот на сондата во астероидот беше на 26 септември, а веќе по два дена астрономи ја забележале опашката на астероидот. Според нивните пресметки, новата опашка е долга барем 10.000 километри.

Дополнителни набљудувања во следните недели треба да откријат уште детали за резултатите од ударот на сондата во астероидот.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука