X
 01.06.2023 Наука

Утре ќе биде направен првиот пренос во живо од Марс

Утре, 2 јуни, Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе врши пренос во живо од орбитата на Марс.

Преносот ќе биде направен за да се прослави 20-годишнина од орбитерот „Марс експрес“. Со помош на модерната технологија орбитерот ќе пренесува неверојатни слики од Марс во сите негови димензии, емитувајќи ги директно на Земјата.

- Со оглед на фактот дека користиме застарена камера, првично наменета за инженерски цели, и ја управуваме на оддалеченост од речиси три милиони километри од Земјата, не можеме да гарантираме беспрекорно функционирање. Оваа непозната територија крие неизвесности, но ние остануваме оптимисти - изјавил Џејмс Годфри, лидер на операциите за вселенски летала во ЕСА.

За разлика од вообичаените фотографии што се добиваат однапред, овој пренос ветува поглед на Марс речиси во реално време. Големата оддалеченост помеѓу Земјата и Марс ќе предизвика задоцнување од околу 18 минути во преносот.

Преносот ќе почне во 17:45 часот по средноевропско време, а може да го следите во видеото во продолжение.


Извор: Geek
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука