X
 07.02.2018 Живот

Иконски цитати што уметниците никогаш не ги кажале иако им се припишуваат

цитати
Фото: Wagner Contemporary

Денес, интернетот е преплавен со лажни цитати што можат да се најдат буквално насекаде. Ова се некои од тие „иконски“ изјави што уметниците никогаш не ги кажале, меѓутоа, постојано им се припишуваат.

Пабло Пикасо: „Добрите уметници копираат, одличните уметници крадат“.


Во колекција есеи во 1920 година Т.С.Елиот ја измислил модерната верзија на: „Незрелите поети имитираат; зрелите поети крадат“. Други културни фигури на кои им бил припишан сличен цитат ги вклучуваат рускиот пијанист Игор Ставрински („Добриот композитор не имитира, тој краде) и американскиот романсиер Вилијам Фокнер. Всушност, извршниот директор на „Епл“, Стив Џобс, е тој што го поврзал името на Пикасо со овој афоризам во 80-тите години.

Винсент ван Гог: „Попрво би умрел од страст отколку од здодевност“.

Братот на Ван Гог, Тео, бил тој што го поддржувал холандскиот уметник низ неговите доживотни психолошки превирања. Во периодот од 1872 до 1890 година браќата си испратиле повеќе од 900 писма - токму таму Ван Гог напишал некои од неговите иконски цитати: „Секогаш го правам она што не можам да го направам со цел да научам како да го направам“, „Големите нешта не се направени со импулс, туку со серија мали нешта споени заедно“, „Не постои поуметничко од сакањето на луѓето“ и на 2 октомври 1884 година, „Попрво би умрел од страст отколку од здодевност“.

Сепак, постои една важна разлика за овој последен цитат. Ван Гог всушност го цитирал францускиот романсиер и драматург Емил Зола.

фрида
Фото: Bentley Gallery

Фрида Кало: „Мислев дека сум најчудната личност во светот, но потоа помислив дека постојат толку многу луѓе во светот, така што постои некој како мене кој се чувствува бизарно и со недостатоци, на ист начин како и јас“.

Ребека Кетрин Мартин имала 15 години кога ненамерно го измислила овој цитат. Конфузијата започнала во 2008 година кога Мартин, канадска тинејџерка, ги отпечатила зборовите на магазин на чија насловна страница била Кало и ги испратила до „ПостСикрет“, популарна интернет-страница за пошта која објавува разгледници со анонимни тајни. Така, зборовите на Мартин и лицето на Фрида биле засекогаш поврзани.

Леонардо да Винчи: „Едноставноста е крајната софистицираност“


Најблиското значење до оваа реченица се наоѓа во една од тетратките на Да Винчи кога размислувал за потеклото на душата. „Иако човечката генијалност може да создаде најразлични пронајдоци, никогаш нема да се измисли поубав изум, ниту поедноставен ниту со поголема цел, од природата, бидејќи во нејзините пронајдоци ништо не е непотребно и ништо не е излишно, и таа нема потреба од контрацепција кога овозможува екстремитети за движење во телата на животните“.

Според Гарсон О’Тол, основач на веб-страницата „Истражувач за цитати“, најраната верзија на овој цитат всушност била артикулирана од драматургот и американскиот амбасадор Клер Буте Лусе во 1931 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот