X
 07.01.2022 Живот

Прекрасни цитати: Најдоброто од сите подароци околу секоја елка - среќни членови на семејството „завиткани“ еден во друг

Има нешто во божиќната сезона што ги тера луѓето да ги чувствуваат сите тие чувства. Мислите да се насочиме кон домот, како и тоа дека луѓето прават планови да патуваат за да го видат семејството.

Доколку ги барате вистинските зборови за да кажете некому како се чувствувате, овие прекрасни божиќни љубовни цитати ќе ви помогнат. Без разлика дали се работи за љубов кон некој посебен или за поинклузивно чувство на љубов кон светот, тука има добро формулирани фрази што би можеле да ви помогнат.

Некои од овие цитати се од познати луѓе, како Отис Рединг и претседателот Калвин Кулиџ. Другите имиња можеби не се толку препознатливи, но длабоките мисли можат да дојдат од секого и сепак вреди да се споделат со другите.

- Сè што сакам за Божиќ си ти - Мараја Кери.

- Нашите срца стануваат нежни со спомените од детството и љубовта кон сродниот, а ние сме подобри во текот на годината затоа што во духот повторно стануваме дете за Божиќ - Лора Инглас Вајлдер.

- Божиќ не е време, ниту сезона, туку состојба на умот. Да се негуваат мирот и добрата волја, да се има во изобилство милост, значи да се има вистинскиот дух на Божиќ - Калвин Кулиџ.

- Ќе му оддадам чест на Божиќ во моето срце и ќе се трудам да го чувам цела година - Чарлс Дикенс.

- Најдоброто од сите подароци околу секоја новогодишна елка: среќни членови на семејство „завиткани“ еден во друг - Бартон Хилс.

- Сакај го повеќе оној што ти го дава подарокот - Бригам Јанг.

- Божиќ е да направиш нешто дополнително за некого - Чарлс М. Шулц.

- Божиќ е навистина Божиќ кога го славиме давајќи ја светлина на љубовта на оние на кои им е најпотребна - Рут Картер Стејплтон.

- Најдобриот начин да се рашири божиќната радост е да се пее гласно за сите да слушнат - Вил Ферел.

- Божиќ, дете мое, е љубовта на дело - Дејл Еванс.

- Во давањето добиваме - Франциско од Асизи.

- Не ми требаат ленти и панделки за да си ги излекувам маките. Само ми треба твојата љубов - Кејси Масгрејвс.

- Подароците на времето и љубовта се основните состојки на вистинскиот среќен Божиќ - Пег Бракен.

Извор: Romper.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот