X
 23.02.2018 Живот

Прашање што никогаш не треба да го поставите на интервју за работа

prasanje
Фото: Flickr

Кога одите на интервју имате само една шанса да оставите добар прв впечаток. Поставувањето паметни прашања за целите на компанијата и нивните очекувања за вашата улога е одличен начин да го пренесете вашиот ентузијазам и да се понудите како добар работник.

Меѓутоа, важно е да бидете внимателни кога прашувате за потенцијални промоции. Одлично е да поставувате прашања за можностите за растење, но би ја преминале линијата ако навестувате дека моменталната позиција за која аплицирате е под вашето ниво.

Микаела Кинер, основач и експерт за кариера од „ЈуниклиХР“, вели дека кандидатите за работа мора да бидат внимателни да не имплицираат дека првото работно место ќе им биде отскочна штица.

Таа вели дека прашањата од типот: „Кога ќе добијам унапредување?“ може да испратат многу негативна порака. Со тоа не само што укажувате дека улогата не е доволно добра за вас, туку може да доведе компанијата да верува дека ќе се откажете од работното место веднаш штом ќе најдете подобра понуда.

Според Адриен Том, советник за кариера и стратегија, ова прашање може да предизвика сомневање кај работодавците дали воопшто сте соодветни за работното место и дали воопшто да ризикуваат да ве вработат.

„Лоцирањето на вистинскиот работник е голема инвестиција, па затоа работодавците не сакаат да губат време, енергија или напори за кандидат што не покажува посветеност кон идната позиција“, вели Том.

За да покажете интерес во можностите за раст на вистинскиот начин, внимателно изберете ги зборовите.

„Поставувајте поотворени прашања што ќе создадат разговор и ќе откријат детали за да помогнат во поддршката на вашата одлука за работа“, вели Том.

Можете да прашате: „Дали може да споделите нешто повеќе за тоа како компанијата ги поддржува своите вработени со можност за професионален развој?“ Со тоа што сте помалку директни додека продолжувате да ја демонстрирате вашата љубопитност, можете да дискутирате за потенцијалот за раст на начин што остава голем впечаток кај работодавецот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот