Ресторан бара специфични вработени кои обично другите работодавци избегнуваат да ги вработат во угостителската индустрија.
- Го бараме најнекултурниот персонал во Ванкувер - пишува во огласот за работа во „Каренс дајнер“.
Ресторанот е дел од меѓународниот бренд познат по својот непослушен, груб и некултурен персонал.
- Мислите дека го имате она што е потребно за да бидете дел од овој ресторан? - пишува во огласот, во кој се нагласува дека апликации ќе прима до 21 мај.
- Можеш да ги оствариш твоите соништа и да добиеш плата за да им кажуваш на клиентите да одат по ѓаволите, да фрлаш менија и да бидеш дрзок и некултурен - пишува во огласот.
Извор:
Vancouverisawesome.com
Фото:
Instagram