X
 21.03.2023 Економија

Италија ги олеснува процедурите за вработување странски работници

Владата на Италија воведе промени во Законот за странски работници и добивање дозволи за престој за да ги поедностави правилата и да го олесни вработувањето на странските работници. Преку новите правила, Владата ја зајакнува и борбата против нелегалната миграција и криминалните мрежи.

Главната промена предвидува подолг рок на важење на обновените дозволи за престој, кои сега ќе важат три години наместо две. Освен тоа, квотите за странски работници отсега ќе се одредуваат на секои три години наместо еднаш годишно. Според сегашните квоти, во Италија ќе бидат примени 82.705 странски работници во 2023 година, околу 7.000 повеќе во споредба со 2022 година.

Освен тоа, промените го поедноставуваат започнувањето на работниот однос за странски работници и ја забрзуваат процедурата за вработување сезонски работници. Згора на тоа, италијанските компании што се занимаваат со агрокултура ќе имаат приоритет за добивање странски работници во однос на другите индустрии.

Кога станува збор за криминалните групи што нелегално пренесуваат мигранти во земјата, властите вовеле ново криминално дело за смрт или повреда како последица на криминал со нелегална имиграција. Се предвидуваат затворски казни до 20 години за сериозни повреди на нелегални мигранти и до 30 години за смрт на нелегални мигранти.

Италија се соочува со недостиг на работна сила, особено во областа на земјоделството.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија