X
 26.03.2018 Образование

Дескоска за измените во високото образование: Ги превенираме опасностите од арбитрерно однесување на кој било поединец

Една од промените во предлог законот за високо образование кој веќе е доставен во Собранието е дека декан сега ќе избира Наставно - научниот совет, а ректорот само ќе треба да ја потпише одлуката. Дескоска вели дека ова е направено поради лошите искуства од минатото.
 


Промените кои ќе ги донесе новиот закон за високо образование ќе овозможат автономија на универзитетите, но и деконцентрација на моќта која сега ја имаат деканите и ректорите – вели министерката за образование и наука Рената Дескоска за Факултети мк.
 - Целта на овој закон беше да овозможиме автономија на универзитетите. Тоа значи и внатрешна автономија, слобода на мисла, слобода на изразување и делување. Деконцентрацијата на моќта која што е присутна во законот се однесува на два аспекти. Едниот е на извршната власт, министерството и Владата, но и деконцентрација на моќта на она што значи власт во рамките на универзитетот, а тоа се ректорите и деканите. Сметаме дека демократските процеси кои што треба да владеат во универзитетот се нешто позитивно што се однесува на овој закон. И тоа треба да рефлектира со поголема слобода на изразување, слобода во рамките на самиот универзитет – вели Дескоска.

Една од промените во предлог законот за високо образование кој веќе е доставен во Собранието е дека декан сега ќе избира Наставно - научниот совет, а ректорот само ќе треба да ја потпише одлуката. Дескоска вели дека ова е направено поради лошите искуства од минатото.
- Имавме многу лоши искуства претходно, за легитимно избрани декани од Наставнички совети кои не беа именувани од страна на ректорите од нам непознати причини. Сакавме да ги превенираме опасностите од арбитрерно однесување на било кој поединец. Од тие причини, таа надлежност на ректорите им е одземена – вели министерката за образование и наука.
Подготвил: M.A.M

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование