X
 19.10.2020 Образование

Креативни работилници за средношколци „Ја менуваме околината, го менуваме светот“

Веќе втора година по ред, издавачката куќа „Чудна шума“ организира креативни работилници за млади – средношколци на возраст од 14 до 18 години. Работилниците опфаќаат две области, креативно пишување и ликовна уметност, а темата на која ќе се твори е една од поважните теми што ги засегаат младите: „Ја менуваме околината, го менуваме светот“.

Предавачи на двете работилници се писателката и сценаристка Билјана С. Црвенковска и ликовниот уметник Доротеј Нешовски.
На работилницата по ликовна уметност ќе се разговара и ќе се работи за ликовната уметност во различни техники, ќе се предава за инсталации во простор и за креирање на стрип.
На работилницата по креативно пишување ќе се работат техники на пишување на текстови во повеќе жанрови: проза, поезија, драма, сценарио...

Поради пандемијата со Ковид-19, работилниците целосно се одвиваат онлајн, преку апликацијата Зум.

1. Ликовни работилници:
– Ликовна уметност, инсталација во простор, стрип
– Времетраење на една работилница: 40 минути
– Предавач: Доротеј Нешовски, ликовен уметник
– Пријавување на: nesovskidoro@gmail.com

2. Креативно пишување:
– Проза, поезија, драмски текст, сценарио, стрип-сценарио
– Времетраење на една работилница: 2 х 40 минути со кратка пауза
– Предавач: Билјана Црвенковска, писателка и сценарист
– Пријавување на: biljana.crvenkovska@gmail.com

Возраст на учесниците: од 14 до 18 години
Термини: секоја среда, од 21 октомври до 18 ноември, од 18:30 часот
Одржувањето на работилниците е преку Зум апликација. Работилниците се бесплатни, а бројот на учесници е ограничен.

Работилниците се поддржани од Град Скопје.

Издвојуваме

Образование