X
 23.11.2020 Живот

Нов суперлуксузен воз нуди уникатно искуство: Вагони со стаклена купола и платформи за гледање на отворено

Иако авионите побрзо ќе ве однесат до одредена дестинација, патувањата со воз се позабавни бидејќи овозможуваат да уживате во пејзажите и на најдобар можен начин да ја доживеете нашата прекрасна планета. Токму поради тоа, вагоните во вид на стаклени куполи на компанијата „Роки Маунтенир“ се чинат како одлична идеја.

Компанијата за луксузни железнички патувања со седиште во Канада неодамна објави дека наредното лето ќе почне дводневна маршрута низ прекрасните предели на југозападот на САД.

2

3

Незаборавното патување со воз ќе почне во август 2021 година, кога се надеваме дека пандемијата ќе биде стивната и ќе ги однесе патниците помеѓу Денвер и Моаб, Јута, со застанување во текот на ноќта во Гленвуд Спрингс, Колорадо, каде што ќе можат да уживаат во убавината на местото.

4

Извор: Luxurylaunches.com
Фото: Rocky Mountaineer
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Живот