X
 29.11.2022 Живот

„Многу ми зборуваш, кога ќе престанеш, ќе го направам тоа“, вака ми вели син ми кога го терам да се измие, да напише домашна... Што да направам?

Мојот син има 7 години. Ме мачат неколку ситуации во врска со него кои можеби се различни, но имаат допирни точки. Да напоменам дека имам и помало дете од една година. Имено, поголемото дете за да ги изврши секојдневните обврски, треба да му речам по неколку пати, на пр., да јаде, да си ги измие рацете, да се пресоблече, да не биде гласен, да напише домашна, да раскрене. Едноставно,како за ништо да не ме слуша. Исто е и со татко му, но поголемиот дел од денот е со мене и секојдневно се соочувам со ова. Иако за сето ова да го направи му треба малку време, тој како да се инаети и не ги извршува работите кога ќе му речам. Пробав со добро, со мотивација, со лошо, но ништо не дава ефект. Кога го прашувам зошто не ме слуша, ми вели: „Многу ми зборуваш, кога ќе престанеш, ќе го направам тоа.“ Пробав и така, но не се смени многу. А знам дека ако го оставам и ако не му повторувам, нема да го заврши истото. Друга ситуација е тоа што дома со нас, родителите, зборува со испревртени зборови, а може да ги каже сите гласови. На пример, наместо игра, вели пигра, наместо зошто, вели џиџи, наместо ручка, вели пучка, наместо топка, вели опка итн. И дали поради тоа што не сака да зборува правилно дома, не сака да чита наглас или да ја рецитира песничката. На училиште чита, сѐ има совладано, со децата и наставничката зборува правилно. Како да постапиме ние родителите во овие две ситуации? Што е причината за ваквото негово однесување?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Живот