За првиот пречек на Нова година на плоштад, најдобриот научник од техничко-технолошките науки, желбите на тројца декани... Што пишувавме неделава
Проф. д-р Христијан Ѓорески е најдобар научник во техничко-технолошките науки: „Најголемиот потенцијал на ВИ го гледам во дигиталното здравство, превентивната медицина и менталната благосостојба“
На Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот. Добитник на наградата за најдобар научник во техничко-технолошките науки за 2024 година е проф. д-р Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Првиот пречек на Нова година на плоштад во Скопје во 1990 г. го организирал „Екран“ - триесет пејачи и артисти настапиле бесплатно, а дошле над 20.000 луѓе
Тимчо Апостолов, долгогодишен уредник на „Екран“, за „Факултети.мк“ раскажа како се реализирала идејата која тој како одговорен уредник ја иницирал за првиот колективен пречек на Новата година.
Кои се желбите на деканите на Филозофски, Филолошки и на ФЕИТ за новата година?
На крајот од уште една предизвикувачка година за високото образование разговаравме со деканите на факултетите за тоа со какви искуства ја испраќаат годината што измина и со какви очекувања, визии и желби влегуваат во следната. Во време на брзи општествени промени, ограничени ресурси и зголемени очекувања од академската заедница, нивните размислувања се важен показател за насоката во која се движи универзитетското образование.