Анастасија Мојсовска е државен шампион во дисциплината 10 м воздушна пушка, планинарот Живко Темелковски 400 пати се има искачено на Титов Врв... Што пишувавме неделава
Анастасија Мојсовска, државен шампион и рекордер во дисциплината 10 м воздушна пушка: „Се борам секој истрел да биде подобар од претходниот“
Анастасија Мојсовска е повеќекратен шампион на Македонија, а воедно и рекордер во нашата земја, со одлични резултати на меѓународните натпревари. Таа е член на стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје. Нејзиниот резултат се смета за најдобар во историјата на македонското стрелаштво во дисциплината воздушна пушка.
Наставата во македонските училишта вообичаено почнува порано од европскиот просек. Додека во дел од европските држави се претпочита подоцнежен почеток на наставата, особено во средните училишта, Македонија сѐ уште ги следи старите навики. Со училишното ѕвонче, кое во некои школи ѕвони во 7:15 часот, таа е меѓу државите во Европа каде што наставата почнува најрано
Живко Темелковски 400 пати се има искачено на Титов Врв: „Кога првпат се искачив, во мај 1985 година, се шокирав од неговата убавина“
Живко Темелковски е редовен гостин на нашите планини, а од неговата импресивна планинарска биографија импресионираат неговите 400 искачувања на највисокиот врв на Шар Планина - Титов Врв (2.747 м.н.в.) Искачувањата не се реализирани како зацртан проект, туку од љубов кон планината, и секако со активно 40-годишно планинарење.