За новиот Закон за високо образование, рекордот на Бојана во објавени научни трудови, за спелеологот Дарко... Што пишувавме неделава?
Рекорд што инспирира - Бојана Алексова објави 20 научни труда за две години докторски студии
Со објавувањето на трудовите се вброив меѓу најуспешните географи во Македонија. Според ова рангирање, се истакнувам како најдобар млад научник-географ и трет највисоко рангиран географ во Македонија според научни публикации, при што оваа позиција е добиена во конкуренција со сите наставно-научни кадри во високото образование, што претставува навистина сериозно и значајно достигнување, истакнува Бојана Алексова
Шест научни труда ќе бидат услов за добивање звање редовен професор, а на секои седум години ќе се врши реизбор - предвидува новиот Закон за високо образование
Новиот Закон за високо образование, кој деновиве ќе се најде на јавен увид преку системот ЕНЕР каде што ќе можат сите засегнати да достават забелешки, предвидува сериозни промени во начинот на избор на професорите, во начинот на финансирање на универзитетите и во начинот на детектирање на плагијатите во научните трудови.
Дарко Неданоски собори два рекорди во еден ден – најдлабоко спелеонуркање во Крштална и искачување без јаже на Камена Баба – и тоа е документирано во филмот „Антипод“
Во пештерите, во планините, под водата - таму човекот е само гостин. Со овој подвиг сакам да кажам едно: не постојат невозможни нешта. Постојат само неиспробани. Животот е прекраток за да се живее по туѓи правила. Храброста не е да немаш страв - храброста е да тргнеш со него, вели Дарко Неданоски