X
 22.02.2021 Стипендии

Аплицирајте за учество во програмата за размена на студенти и научници во Полска

Полската национална агенција за академска размена - NAWA известува дека во академската 2021/22 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation - offer for incoming students and scientists”).

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски студенти за академската 2021/22 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование.

Полската страна ќе обезбеди:

- бесплатно студирање и

- сместување во студентски домови,

а висината на стипендијата изнесува:

- 1250 PLN/месечно за прв циклус на студии;

- 1500 PLN/месечно за втор циклус на студии;

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:

https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Апликацијата заедно со потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Македонија најдоцна до 20 мај 2021 година.

Документите можете да ги преземете на страницата на МОН, поточно ТУКА.
Активен до:    20.05.2021

Издвојуваме

Стипендии