X
 01.04.2022 Живот

Уникатна можност - викендов Уран ќе може да се набљудува на небото

Дали некогаш сте ја виделе планетата Уран? Седмата планета викендов ќе може да се види со помош на двоглед или мал телескоп. Доколку не успеавте да го направите тоа во текот на месец март, недела е последната шанса кога можете да ја набљудувате „сино-зелената планета“.

Тоа е затоа што штом Сонцето ќе зајде, на 3 април 2022 година, тенката полумесечина ќе свети ниско на западното небо и на едвај 1 степен од неа ќе биде седмата планета, Уран.

uran
Фото: Wikipedia

Но, единствената планета што се врти на својата страна (на секои 17 часа и 14 минути) нема да биде лесно да се види на прв поглед. На крајот на краиштата, планетата е оддалечена 2,9 милијарди километри, така што ќе свети со слаба магнитуда од +5,8.

Тоа значи дека на небото ќе се појави како ситна сино-зелена точка меѓу ѕвездите, па затоа земете си двоглед или мал телескоп.

Зошто недела е одлична шанса за набљудување на Уран?

Положбата на 7 отсто осветлена полумесечина, веднаш покрај планетата, прави многу полесно да се најде планетата отколку кога лебди како дамка на ноќното небо.

Ќе треба да излезете надвор и да гледате на запад еден час по зајдисонце, но не подоцна бидејќи Уран брзо ќе исчезне во маглата на хоризонтот.

Уран е практично неистражена планета. Вселенското летало „Војаџер 2“ на НАСА прелета покрај Уран во 1986 година и оттогаш не се врати. Секоја фотографија што некогаш сте ја виделе од Уран е направена токму за време на краткото прелетување на „Војаџер 2“.

Како што велат од НАСА, за Уран е потребна посебна мисија, поради нејзините месечини. Иако нема да можете да видите ниту една од нив, Уран има 27 месечини и најгусто набиена група месечини од која било планета во Сончевиот Систем. Сите месечини на Уран се именувани по ликовите од делата на Вилијам Шекспир и Александар Поуп.

Четирите најинтересни се Ариел, Амбриел, Титанија и Оберон, во голема мера затоа што можеби содржат подземни океани.

Извор: Forbes.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот