X
 01.07.2023 Технологија

„Инстаграм“ и „Фејсбук“ ќе ве предупредат доколку предолго ги користите

„Мета“, компанијата во чија сопственост се социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, претстави две нови алатки за да им помогне на корисниците подобро да управуваат со своето време на мрежите.

- Овие ажурирања се дизајнирани да им помогнат на тинејџерите да имаат контрола над нивните онлајн искуства и да им помогнат на родителите да ги поддржат своите тинејџери - изјавиле од компанијата.

Една од новите алатки ќе ги известува корисниците доколку поминале премногу време на „Фејсбук“.

- Кога тинејџерите ќе поминат 20 минути на „Фејсбук“, ќе добијат известување со кое се бара да се одморат од апликацијата и да постават дневно временско ограничување - објасниле од „Мета“.

Во меѓувреме, „Инстаграм“ ќе праќа известување доколку апликацијата открие дека корисникот долго време гледа кратки видеа (Reels) ноќе. Се анализира и алатка која ќе им предлага на тинејџерите да ја затворат апликацијата доколку гледаат кратки видеа навечер.

Новите функции доаѓаат веднаш по лансирањето на тивкиот режим на „Инстаграм“, функција која ги поттикнува корисниците да постават граници со своите пријатели и следбеници. Овој режим веќе беше воведен за корисниците во одредени земји, а отсега ќе биде достапен во целиот свет.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија