X
 01.08.2020 Живот

Фројд: 18 совети како да се ослободите од грижите и подобро да се разбирате себеси

Советите на Зигмунд Фројд кои насочуваат на вистински пат, помагаат да се отстрани чувството на загриженост и подобро да се разбереме самите себеси.

Ви претставуваме 18 совети од Фројд кои насочуваат на вистински пат, помагаат да се отстрани чувството на загриженост и помагаат во разбирањето на самиот себе.

1. Тајната на човековата душа лежи во психичките драми од детството. Треба да се копа до тие драми и ќе се дојде до исцелување.

2. Единствениот човек со кого треба да се споредувате сте вие во минатото. И единствениот човек од кого треба да се плашите сте вие сега.

3. Вие не престанувате да барате сила и самодоверба надвор, а треба да ги барате во себеси. Тие секогаш и биле таму.

4. Без сомнеж, проблемот на загриженоста е клучна точка за многу важни прашања; решавањето на загатките на загриженоста ќе пролие поток на светлина на целиот психички живот на човекот.

5. Невроза - тоа е неспособност да се издржи неизвесноста.

6. Во љубовните односи не треба да се штедиме зашто тоа може само да доведе до отуѓување. Ако постојат потешкотии, треба да се надминат.

7. За жал, потиснатите емоции не умираат. Приморани се да молчат. И одвнатре продолжуваат да влијаат врз човекот.

8. Ништо не се случува случајно, сè има причина.

9. Во одредена смисла, она што го нарекуваме среќа се случува како резултат на (пожелно непредвидливо) задоволување потреби кои долго време биле задржувани.

10. Човекот кој несомнено бил љубимец на мајка му во текот на целиот свој живот носи чувство на победник и сигурност во среќата, што често доведува до вистински успех.

11. Сонот никогаш не се занимава со ситници; ние не дозволуваме нешто неважно да нè вознемирува во сонот. Однадвор невините соништа се чинат безопасни, а ако се занимаваме со нивно толкување, ако можам така да кажам, секогаш имаат камен под пазуви.

12. Депресија - тоа е смрзнат страв.

13. Судбината која може да даде замена за изгубената можност за задоволство, исцелува полесно од лекар.

14. Колку храбар и самоуверен станува оној кој стекнува сигурност дека е сакан.

15. Луѓето се наоѓаат во незадоволителна реалност, поради тоа живеат во свет на фантазија, замислувајќи исполнување на своите желби. Силната личност и отелотворува овие желби во реалноста. Слабата живее во својот свет и нејзините фантазии се отелотворуваат во симптоми на различни болести.

16. Да се биде апсолутно искрен со самиот себеси е добра вежба.

17. Кај вредниот човек ретко одат неработници - мувите не летаат кон затворен лонец.

18. Само остварувањето на детските соништа во животот може да донесе среќа.

Извор и насловна фотографија: lolamagazin

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот