X
 01.12.2015 Култура

Оскар Вајлд: „Да живееш е најретка работа во светот. Повеќето луѓе само постојат“

Оскар Вајлд бил роден во Даблин во Ирска, две години после неговиот брат Вилијам. Добил стипендија за Магдален колеџот во Оксфорд, кадешто започнал да оди во 1875 година. Поради неговото ексцентрично однесување имал доста проблеми со професорите.

Во текот на 1875 и 1876 година тој објавувал поезија во неколку литературни списанија. Поради смртта на неговиот татко во 1876 година тој се вратил во Ирска и продолжил со објавување на поезија, а во 1878 година ја добива „Наградата за англиска книжевност“. Наскоро го напушта Оксфорд и оди во Лондон кадешто полека стекнува популарност меѓу писателите.

Во 1890 година го објавил неговото најпознато дело, романот „Сликата на Доријан Греј“. Во тоа време добива доста слава, но во летото 1891 година го запознава лордот Алфред Даглас во кој се заљубува. Во тоа време станува алкохоличар и неговата слава полека започнува да згаснува.

Ви донесуваме неколку негови цитати.

„Најголемиот порок на човекот е неговата површност“.

„Уметникот нема никаква етичка наклонетост. Етичката наклонетост кон уметникот значи непрослтив маниризам“.

„Целта на уметноста и` е да се открие себеси, а да го сокрие уметнико“.

„И најобичната работа има свој шарм ако го криеме пред другите“.

„Смеата и не е толку лош почеток на едно пријателство, а секако и негов крај“.

„Се препираат само интелектуалните нули“.

„Една од најголемите тајни е нашето постоење: да се излечи нашата душа со помош на сетилата, а на сетилата да им помогнеме со помош на душата“.

„Малку искреност е опасна работа, а многу е фатално“.

„Никогаш не можеш да бидеш премногу дотеран или премногу образован“.

„Целта на животот е само-развивање. Совршено изразување на својата индивидуалност, тоа е животната задача на секој од нас“.

„Вистината е ретко чиста и никогаш едноставна“.

„Да живееш е најретка работа во светот. Повеќето луѓе само постојат, тоа е се`“.

Извадоци од романот „Сликата на Доријан Греј“.

„Влијанието врз некого значи да се предадеш на сопствената душа. Тој не мисли со своите природни мисли, ниту гори со природните страсти. Неговите доблести не се реални за него. Неговите гревови, ако постојат гревови, се позајмени. Тој станува ехо на нечија музика, актер за улога која не е напишана за него. Целта на животот е развој на себеси. Да се реализира совршено сопствената природа - тоа е причината за нашето постоење. Стравот од општеството, што е основа на моралот, стравот до Бога, која е тајна религија - тоа се двете работи кои владеат со нас“.

„Мислам дека вистинската трагедија на сиромашните е тоа што не можат да си дозволат себеси ништо друго освен самоодрекување. Убавите гревови, како и убавите работи се во корист на богатите. Верувајте ми дека ниту еден цивилизиран човек никогаш не зажалил поради тоа што уживал, ниту пак било кој нецивилизиран човек знаел што е уживање“...
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура