X
 01.12.2023 Технологија

Еве како можете да дознаете што сѐ „Гугл“ знае за вас

Сите знаеме дека нашите податоци се собираат секој ден, особено од технолошките гиганти како „Гугл“. Но, дали некогаш сте се запрашале колку информации навистина имаат за вас?

Корисничката „yorgoandlea“ на „Тик-ток“ објави кратко видео кое покажува како можете да дознаете кои податоци „Гугл“ ги знае за вас.

„Гугл“ ги складира податоците за вас за подобро да го оптимизира вашето искуство и неговите услуги да работат подобро за вас.

- Рекламите се базираат на личните информации што сте ги додале на вашиот гугл-профил, податоците од огласувачите кои се партнери со „Гугл“ и процена на „Гугл“ за вашите интереси. Изберете кој било фактор за да дознаете повеќе или да ги ажурирате вашите поставки - пишува „Гугл“.

Од „Гугл“ велат дека никогаш нема да ги продадат вашите податоци и дека ги користат за да ги направат рекламите релевантни додека сте онлајн, но тоа го прават без да ги предадат вашите податоци на огласувачите.

 

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија