X
 02.02.2021 Живот

Вака можеби ќе изгледа Солун во иднина

Неодамна се организирал Меѓународниот натпревар за архитектура „Арекселенс 2“ во кој од учесниците се барало да понудат идеи за архитектонски решенија кои би можеле да се применат во Солун и неговиот брег.



Натпреварот бил организиран од градежната компанија АЛУМИЛ, која имала цел да собере идеи од архитекти од целиот свет за изградба на нова бизнис-населба во Солун. 



Идејата на ОФ.СТУДИО и „Дигри зиро аркитектс“ вклучува комплекс од 10 футуристички згради кои би го смениле изгледот на Солун. Планот вклучува подиум кој би ги поврзувал сите згради и би служел како влез во населбата. Предвидени се патеки за пешачење и за велосипеди, а секоја од зградите би имала различна намена.



Автор: Саманта Пајрс
Извор: mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот