X
 02.04.2020 Култура

Професорот што бил инспирација за создавање на Шерлок Холмс

Џозеф Бел бил хирург и форензички детектив од Единбург, а бил познат по неговата вештина за набљудување. Бел бил и професор и честопати ги импресионирал своите студенти со својата способност да ги открие професијата, местото на живеење и други детали со едноставно разгледување на изгледот на пациентот. Еден од неговите студенти бил Артур Конан Дојл.

Конан Дојл се запознал со Бел во 1877 година на медицинскиот факултет при Универзитетот во Единбург. Подоцна тој му станал асистент, што му овозможило одблизу да сведочи на вештините на Бел.


Фото: Pixabay

Професорот бил способен да ги препознае најситните детали во акцентот на одреден пациент и точно да го препознае неговото место на живеење. Со гледање на дланките, Бел можел да препознае дали одреден пациент е дрвар или има друга професија, а од начинот на одење тој препознавал кој е морнар, а кој војник.

Бел му давал големо значење на деталниот преглед и внимавањето на физичките детали. Конан Дојл подоцна му ги доделил овие квалитети на Шерлок Холмс, фиктивниот детектив од книгите што ги пишувал. Конан Дојл никогаш не го криел фактот дека ликот на Холмс е заснован на неговиот професор.

Шерлок Холмс првпат се појавил во расказ од Конан Дојл објавен во 1887 година, по само десет години откако авторот првпат го сретнал Џозеф Бел. Бел со интерес ги читал приказните на неговиот студент и дури и му дал неколку предлози за пишување, кои авторот ги одбил бидејќи не биле „многу практични“.


Фото: Pixabay

Како што се зголемувала популарноста на Шерлок Холмс, така растела и онаа на Џозеф Бел. Набрзо полицијата во Единбург барала помош од Бел за решавање криминални случаи. Сепак, Бел не се поистоветувал со Холмс и се надевал дека луѓето ќе видат некоја негова подобра страна од онаа што ја видел Конан Дојл.

Освен генијалноста, имало малку сличности помеѓу Бел и Холмс. Бел не бил неуреден, како што е прикажан Холмс во приказните. Бел не бил зависен од кокаин и не свирел на виолина.

Автор: Косник Патовари
Извор: amusingplanet.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура