X
 02.05.2023 Култура

Нова мини-серија за Мип Гис - најголемиот помошник на Ана Франк

Мип Гис е најпозната по тоа што помогнала во криењето на Ана Франк.

На 1 мај беше премиерата на мини-серијата „Мала светлина“ (англ. A Small Light), која ги носи гледачите длабоко во окупираниот Амстердам од нацистите, каде што Мип Гис (Бел Паули) и нејзиниот сопруг Јан Гис (Џо Кол) ги ризикуваат своите животи за да им помогнат на многумина.

- Дури и обична секретарка, домаќинка или тинејџерка може да пушти мала светлина во темна соба - напиша Гис подоцна во животот.

Серијата од осум дела детално ги прикажува аспектите од животот на семејството Гис кои се непознати за поголемиот дел од јавноста. На пример, откако била извршена рација во засолништето, Гис го посетила седиштето на Гестапо во ризичен обид да ги „откупи“ нејзините еврејски пријатели.

Освен што се грижеле за семејствата сместени во „Тајниот анекс“ повеќе од две години, Мип и Јан криеле уште еден Евреин во својот стан. Јан бил вклучен во холандското подземје, обезбедувајќи им на луѓето што се криеле фалсификувани картички за даноци и извршувајќи други задачи за отпорот.

Во очите на Ана Франк, Гис и нејзиниот сопруг биле способни, елегантни и корисни.

- Мип никогаш не е далеку од нашите мисли. Таа е како мазга, носи толку многу работи. Речиси секој ден успева да ни донесе зеленчук - напиша Ана Франк.

Според креаторот на серијата, извршниот продуцент и писателката Џоан Ратер, серијата ќе даде одговор на прашањето зошто Гис се согласиле да му помогнат на Ото Франк да го скрие своето семејство.

На 4 август 1944 година скривницата на семејството Франк во Амстердам било нападнато од нацистите и холандската полиција. Од осумте Евреи што се криеле, само Ото Франк преживеал. Набргу откако Франк се вратил во Амстердам, Гис му го покажала дневникот на неговата ќерка, Ана Франк.

Во 2010 година, еден месец пред да наполни 101 година, Мип почина во нејзиниот стан во Хорн.



Извор:  Timesofisrael.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура