X
 09.04.2021 Култура

Погледнете го единственото видео од Ана Франк

Животот на Ана Франк бил краток, но таа оставила голем печат врз човештвото. Дневникот што го пишувала додека живеела криејќи се, во периодот од 1942 до 1944, е еден од најважните записи за искуствата на Евреите за време на Втората светска војна. Нејзиниот дневник се изучува во училиштата и денес, но ретко може да се најдат фотографии од неа, а уште поретко видеа.

Едно видео снимено во 1941 се смета дека е единственото видео од Ана Франк. Видеото, објавено од страна на музејот за куќата на Ана Франк во Амстердам, било снимено помалку од една година пред семејството на Франк да биде принудено да се крие од нацистите.

Во видеото се прикажани невеста и младоженец на нивната венчавка, а Франк го следи настанот од прозорец. Ова е еден од последните нормални моменти во животот на Франк.


Во јули 1942 г. нејзиното семејство се пресели во стан на таванот зад бизнисот на татко ѝ и остана таму до откривањето на нивната локација и нивното апсење на 4 август 1944. Ана Франк починала од тифус во концентрационен логор, на возраст од 15 години, по речиси една година од апсењето.

Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура